Close Menu
    Најново

    Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави

    03.02.2026 во 16:42

    Вистинско чудо во Русија: Мајка ги фрлила двете бебиња од 16-ти кат, децата преживеаја

    03.02.2026 во 16:33

    УХМР со најнова прогноза: Од утре дожд и засилен ветер

    03.02.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави
    • Вистинско чудо во Русија: Мајка ги фрлила двете бебиња од 16-ти кат, децата преживеаја
    • УХМР со најнова прогноза: Од утре дожд и засилен ветер
    • Полицијата откопа 25 килограми амфетамин скриен во земја – филмска акција кај Панчево
    • Владата со план од 400 страници за 2026: Се воведува единствен систем на плати во јавниот сектор
    • Васев и Нухи нудат куќи од 350.000 евра за да излезат од притвор
    • Пратениците и министрите ќе одат пеш на работа – ССМ ќе го блокира Собранието на 10 февруари
    • МЗ се огласи за „мозоците“: Немаме директна надлежност, но процедурите за извоз на ткива се ригорозни
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави

    Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави

    03.02.2026 во 16:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.

    На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво.

    Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан.

    Таа се заблагодари за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.

    Посочи на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.

    Соговорниците го споделија мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.

    Претседателката повика на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.

    Сиљановска-Давкова изрази сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.

    Двајцата претседатели разменија мислења и за актуелните случувања на глобален план.

    Популарно

    Тошковски открива: Двајца возачи имаат по 40 забрани за возење

    03.02.2026 во 10:50

    Хорор во Солун: Изгоре автобус во движење

    03.02.2026 во 13:18

    Димитриеска-Кочоска: Рекордни 58 финансиски истраги против 400 лица, криминалот повеќе нема да биде исплатлив

    02.02.2026 во 13:38

    Ќе нема струја до 12 часот – ЕВН најави технички зафати

    03.02.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.