Силјановска Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик

Носителот на  изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, денес присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ.

На промоцијата носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова даде поддршка на  македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика.

-Денес присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме-  истакна Силјановска.

 

Силјановска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ  се обврзуваат на зачувување и развој  на културата, македонскиот јазик  и македонскиот идентитет. Истотака истакна де се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега