Close Menu
    Најново

    Украински напади во Русија: Рафинерија во Волгоград погодена, експлозии низ други региони

    06.11.2025 во 23:45

    Тие се силни: Три хороскопски знаци кои ништо не може да ги скрши

    06.11.2025 во 23:20

    Ѓорѓиевски: Од Јавните претпријатија отстранети 371 лица, или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба

    06.11.2025 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Украински напади во Русија: Рафинерија во Волгоград погодена, експлозии низ други региони
    • Тие се силни: Три хороскопски знаци кои ништо не може да ги скрши
    • Ѓорѓиевски: Од Јавните претпријатија отстранети 371 лица, или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба
    • Ненси Пелоси се пензионира
    • Алиу: Секој градоначалник има одговорност, и е во состојба на секои 30 минути да прави кривично дело
    • Австрија пронајде оружје во Виена во истрага поврзана со Хамас
    • Доаѓа Митровден: Обичаи и верувања за големиот празник
    • Мицкоски: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска-Давкова пред доаѓањето на Фон дер Лајен: Очекувам да се спомене спорот со Бугарија

    Сиљановска-Давкова пред доаѓањето на Фон дер Лајен: Очекувам да се спомене спорот со Бугарија

    14.10.2025 во 15:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која утре доаѓа на средби со државниот врв во Скопје.

    Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од посетата, но и дали постои официјална комуникација со Софија, со оглед на најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека контактите се ќе интензивираат по изборите и во Новата година, нагласи дека очекува да се постави и ова прашање и додаде дека ние секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи. 

    -Очекувам да се спомене и ова прашање, секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи, секогаш сме мислеле дека бугарскиот народ ни е близок, бугарската држава прва не признала, без никакви условувања, затоа јас понекогаш сум изненадена од сегашното политичко поведение. Убедена сум судбината сакала да живееме едни до други, ние треба да се поддржуваме, ние треба да се разбираме, не може соседот да биде среќен ако ние сме несреќни. Затоа поддржувајќи го другиот ние се поддржуваме себе си, затоа што регионалните прашања, проблеми не направиле блиски, кооперативни, дури и во рамки на ЕУ ако сакаме да бидеме компетитивни и слушнати исто така треба да ги браниме регионалните интереси, изјави шефицата на државата на заедничката прес-конференција во Скопје со словачкиот претседател Петер Пелегрини.

    За комуникацијата со Софија рече дека таа сега не е добредојдена за Владата поради изборите и додаде дека таа има комуникација со соседот, како што посочи, на маргините.

    -Доаѓањето на госпоѓата Фон дер Лајен може да се гледа низ две призми, низ два агла, едниот е се работи за редовна посета, таа и минатата година ако се сеќавате имаше посета на регионот и мислам дека тоа е добро заради кондицијата на регионот, рече претседателката.

    Таа додаде дека имаме потреба од регионален настап, регионална поддршка, регионална солидарност и регионално разбирање, доколку сакаме Балканот да личи на Балтикот, бидејќи, како што посочи балтичките држави најпрво и најревосно биле поддржани од Шведска, Данска и Финска.

    -На Балканот тоа не се случуваше, имаше и претходно проблеми како нашиот, се сеќавате меѓу Словенија и Хрватска, но се уште не е разрешен проблемот, меѓутоа се постигна еден компромис. Тоа е важното. По Солунскиот самит не сме виделе јасна стратегија кон Западен Балкан, но со Планот за раст веќе како заедно да чекориме ЕУ. Тоа е врзано за финансиска поддршка, но таа не е анблок, туку е врзана за реформи. Тоа не прави нас компатибилни и поблиски до ЕУ зошто реализирањето на Реформската агенда е на линија на Копенхагенските критериуми, истакна Сиљановска Давкова.

    Претседателката на ЕК Фон дер Лајен вчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе допатува во Скопје. 

    Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

    Популарно

    Голема акција на МВР: Падна актуелен државен функционер за мито

    06.11.2025 во 16:24

    Тие се силни: Три хороскопски знаци кои ништо не може да ги скрши

    06.11.2025 во 23:20

    Ѓорѓиевски: Од Јавните претпријатија отстранети 371 лица, или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба

    06.11.2025 во 23:00

    Арсовска: Функцијата ја предадов, но мојата мисија против Ганиу ќе продолжи

    06.11.2025 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.