Close Menu
Press24
    Најново

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова на средба со СОС Детско село: 25 години посветеност и хуманост за децата во ризик

    Сиљановска-Давкова на средба со СОС Детско село: 25 години посветеност и хуманост за децата во ризик

    12.05.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата.

    Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети.

    Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните резултати од работата, со тековните програми и активности, како и со предизвиците во обезбедувањето поддршка на децата без родителска грижа, младите и семејствата во социјален ризик.

    Според нив, особено важна е психосоцијалната поддршка  на младите по напуштањето на системот за згрижување, при развивањето животни и професионални вештини, продолжување на образованието, вработувањето  и домувањето.

    Претседателката оцени дека во изминатите 25 години СОС Детско село со својата работа претставува пример за посветеност, хуманост и професионален пристап во грижата за децата во ризик.

    За неа, организацијата има особен придонес во промоцијата на семејните вредности преку креирање семеен модел на алтернативна грижа.

    За продолжување на оваа значајна мисија, таа смета дека е потребно партнерство меѓу институциите и граѓанскиот сектор, со цел креирање на одржливи решенија за долгорочна грижа и поддршка на децата и младите.

    На крајот, претседателката нагласи дека со заедничка соработка и поддршка може да се обезбеди секое дете да расте во семејство опкружено со љубов, почит и чувство на сигурност.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.