Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска: Богородица не инспирира да бидеме храбри покрај сите премрежја

    Сиљановска: Богородица не инспирира да бидеме храбри покрај сите премрежја

    28.08.2026 во 10:17Updated:28.08.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Успението на Пресвета Богородица до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите православни верници.

    Во честитката таа посочува дека празникот потсетува на духовната сила, пожртвуваноста, истрајноста и мајчинската љубов на Богородица.

    Сиљановска-Давкова порача дека во време исполнето со искушенија и премрежија, ликот на Мајката Божја треба да биде поттик за истрајност на патот на доброто, за градење заедништво, солидарност и грижа за другите.

    Таа изрази надеж дека храмовите на Македонската православна црква, и во земјава и во дијаспората, ќе бидат исполнети со верници обединети во христијанската љубов и под закрилата на Пресвета Богородица.

    „За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица“, порача претседателката во честитката.

    Почитуван г.г. Стефан,

    Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва,

    Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, на чесното свештенство и преподобното монаштво, како и на сите православни христијански верници, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

    Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов.

    Како Мајка Божја и закрилница, таа е вгнездена и ги вдахновува  срцата на сите христијански  верници.

    Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто,  градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа.

    Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица.

    За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.