Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљаноски: Нова инвестиција од 6 милиони евра во Мешеишта и реализирани над 51 отсто од изборната програма во Дебрца

    Сиљаноски: Нова инвестиција од 6 милиони евра во Мешеишта и реализирани над 51 отсто од изборната програма во Дебрца

    02.10.2026 во 11:572 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, на денешната прес-конференција истакна дека во изминатиот период се реализирани или донесени во напредна фаза на градба повеќе од 51 процент од четиригодишната изборна програма, нагласувајќи дека општината бележи значителен економски и инфраструктурен напредок.

    Како најважна вест за локалната економија, Сиљаноски ја најави изградбата на првата капитална инвестиција вредна 6 милиони евра во село Мешеишта.

    „Почитувани, за првпат во Дебрца, во село Мешеишта, во фаза на изградба е нова капитална инвестиција вредна 6 милиони евра. Се отвора фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места. Со ова докажуваме дека Дебрца станува сигурен партнер за сериозни инвеститори!“, истакна градоначалникот.

    Тој се осврна и на бројните инфраструктурни зафати во населените места, посочувајќи ги проектите за реконструкција на патишта, улично осветлување, водоводни мрежи и спортски терени, како и подобрувањето на работењето на ЈКП „Дебрца“ преку нови возила и опрема.

    Во своето обраќање, Сиљаноски ги нагласи и новите социјални мерки и поддршката за младите, семејствата и образованието, меѓу кои субвенциите за возачки испити, бесплатни училишни униформи за сите 178 ученици, како и бесплатниот неделен превоз до Охрид. На крајот, тој потсети дека според податоците од Центарот за економски анализи, Дебрца остварила скок од 25 проценти и се наоѓа меѓу петте општини со најголем напредок во даночната транспарентност во државата.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.