Силен земјотрес во Италија - населението во паника, се затворија училиштата

 

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во северна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Епицентарот на земјотресот бил на 5,9 километри северозападно од Маради во регионот на Тоскана.

Исплашени граѓани истрчале на улиците во Фиренца и другите околни градови, пренесува Corriere Fiorentino.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри. Следеа неколку послаби последователни потреси, од кои првиот се случи во 4,48 часот, на кој му претходеше уште еден со јачина од 3,3 степени, по што следеше серија од најмалку осум послаби последователни потреси.

Градоначалникот на Маради, Томасо Триберти, за „РаиЊуз24“ изјави дека нема информации за штети, но дека сите училишта се затворени како мерка на претпазливост.

18.09.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега