Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Италија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 33 километри северозападно од Прато.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
„Се тресеше неколку секунди“, велат граѓаните на платформата на EMSC.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

