Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтеровата скала ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, според Милиет.

Според EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Leave A Reply

Exit mobile version