Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Напредокот на едно општество не се мери само со економски, туку и со степенот на почитување и вклучување на сите негови граѓани

    Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Напредокот на едно општество не се мери само со економски, туку и со степенот на почитување и вклучување на сите негови граѓани

    28.09.2025 во 09:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците испраќа наjсрдечни честитки до сите наши сограѓани, припадници на бошњачката заедница.

    -Овој значаен празник претставува симбол на стремежот за афирмација на идентитетот, традицијата и вредносниот систем на Бошњаците, како интегрален дел од културно-политичкиот простор на Балканот. Несомнено, празнувањето на овој датум е потсетник дека животот на секоја заедница добива полна смисла само тогаш кога е признаен, почитуван и валоризиран во општеството, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова.

    Во една современа и демократска држава каква што се стреми да биде нашата Република, местото на секоја етничка заедница не е маргинално, туку суштинско: во процесите на соживот, граѓанска кохезија и посветено работење за подобра иднина. Впрочем, вистинскиот напредок на едно општество не се мери само со економски параметри, туку и со степенот на почитување и вклучување на сите негови граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност. Во оваа смисла, Меѓународниот ден на Бошњаците е и можност за рефлексија, да се потсетиме дека заедништвото не е само политички идеал, туку практична и суштинска потреба за стабилност и хармонија во општеството. Тоа бара заемна доверба, искрен дијалог и отвореност кон различноста, вредности коишто македонските граѓани отсекогаш ги имале и продолжуваат да ги негуваат и развиваат.

    -Нека денешниот празник биде инспирација за продолжување на заедничкиот пат кон општество на еднакви можности, достоинство и шанса за сите. На Бошњаците, но и на сите сограѓани, им посакувам празник исполнет со гордост, радост, среќа и позитивни мисли. Да ни е честит 28 Септември – Денoт на Бошњаците, стои во честитката од Сиљановска-Давкова. 

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.