Шведска в понеделник ќе поднесе барање за влез во НАТО

Шведска планира да поднесе барање за членство во НАТО на 16 мај, објавија локалните медиуми во државата.

„Премиерот в понеделник ќе свика владина седница на која ќе се донесе историска одлука. Веднаш по средбата ќе биде поднесена апликација за членство во НАТО, доколку не се случи нешто непредвидено“, пишува весникот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.

12.05.2022 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега