Шумски пожар дивее во Шпанија: Службите се борат со огнот, а евакуирани се над 4.200 лица

Поради големиот шумски пожар во Шпанија на Канарските острови, досега се евакуирани 4.255 лица, а 400 припадници на различни служби се на терен и се борат со пожарот.

Пожарот избувнал вчера утрото и веќе проголтал најмалку 4.500 хектари шума и десетина куќи, јавуваат шпанските медиуми.

Фернандо Клавихо, претседател на регионалната влада на Канарските Острови, рече дека има отпор кога станува збор за напуштање на домовите, но дека приоритет мора да биде спасувањето животи.

„Прво доаѓаат луѓето, па куќите, па гаснењето на пожарот“, рече тој.

Пожарот избувна во областа Ел Пинар во северозападната општина Пунтагорда, пред да се прошири на југ кон градот Тихарафе.

Клавијо на ветерот го препишува брзото ширење на пожарот, климатските услови и топлотниот бран што ја зафати Европа.

Шпанската армија распореди 150 свои пожарникари, а наскоро се очекува да пристигне уште една единица.

Црвениот крст формираше објект за помош на евакуираните.

16.07.2023 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега