Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова: Власта да им објасни на граѓаните како се живее од празни флоскули и плата од 26.000 денари

    Шукова: Власта да им објасни на граѓаните како се живее од празни флоскули и плата од 26.000 денари

    25.09.2026 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните денес се соочуваат со сериозен пад на животниот стандард, а наместо конкретни мерки добиваат празни флоскули и неисполнети ветувања од власта, обвини претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во „24 Анализа“.

    Шукова посочи дека особено загрижуваат економските и социјалните политики и тоа што, власта не се носи мерки кои реално ќе им помогнат на граѓаните.

    „Најмногу загрижуваат економските и социјалните мерки коишто не се носат во државата. Граѓаните сакаат поубав живот, подостоинствен живот. Сакаат повисока плата, заради тоа што кошничката е скоро 70.000 денари, а ако живеете под кирија е 90.000 денари, додека пак минималната плата е 26.000 денари. Две такви плати кога ќе ги соберете, тоа не е ни минималната кошничка. Власта нека им објасни на граѓаните како се живее од празни флоскули, а не со плата од 26.000 денари“, порача Шукова.

    Таа додаде дека граѓаните очекуваат конкретни решенија, а не само декларативни ветувања, посочувајќи дека не се преземени мерки кои би го запреле растот на цените на основните производи.

    Шукова потсети и на социјалните мерки воведени во периодот кога СДСМ беше на власт, меѓу кои детските и образовните додатоци, помошта во енергетската криза и еднократната помош за корисниците, посочувајќи дека за овие мерки биле издвоени 2,6 милијарди евра.

    Шукова потсети и на лагите и ветувањата на ВМРО дадени пред изборите посочувајќи дека останале нереализирани во речиси сите области – од политичките реформи и департизацијата на јавната администрација до ветувањата за силна борба против корупцијата.

    „Нека им каже ВМРО на граѓаните која мерка ја донеле за борба против корупција“, порача Шукова

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.