Close Menu
Press24
    Најново

    Од -5 на 20 степени – Температурите утринава низ Македонија

    12.03.2026 во 09:06

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот

    12.03.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од -5 на 20 степени – Температурите утринава низ Македонија
    • Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата
    • Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
    • Нафтата драстично поскапе – Цените пораснаа преку ноќ
    • Слета третата група македонски државјани од Блискиот Исток – Муцунски вели безбедноста еостанува врвен приоритет
    • Тажна вест: Почина Кили
    • Билтените се полнат со вести за насилства – Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
    • Средношколци од Битола одблизу ја запознаваат работата на Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова: Градот го претворија во џунгла

    Шукова: Градот го претворија во џунгла

    06.10.2025 во 20:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, одржа силен и содржаен говор во кој ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.

    „Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.

    Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги: „Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.“

    Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура: „Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.“

    Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот; и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.

    „Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови,“ додаде Шукова.

    Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот: „Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.“

    „Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат,“ порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.

    „Во Карпош се родив, тука сум целиот живот, и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува,“ заврши Каја Шукова.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.