Штрајк на лекарите во Шпанија

Голем број лекари во Шпанија денеска започнаа штрајк, првпат во последните 25 години, барајќи поголемо признание за нивната исцрпувачка работа за време на шестмесечната борба со коронавирусот.

 

Според синдикатот ЦЕСМ, денеска во штрајкот учествуваа 85 проценти од 267.000 здравствени работници.

Владата денеска најави дека буџетот за јавно здравје ќе се зголеми за цели 151 процент, односно за три милијарди евра, од кои 2,4 милијарди од ЕУ, за набавка на вакцини и зајакнување на јавната мрежа на лекари по општа медицина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега