Поднесена е кривична пријава против штипјанец поради сомнение за кривичните дела ,,телесна повреда” и ,,одземање дете”. Пријавениот 21 – годишен штипјанец Е.Д, заедно со уште две лица ја нападнал физички својата поранешна 23 – годишна сопруга.

По нападот, со помош на едно од присутните лица, тој ја одзел нивната малолетна ќерка.

Случајот е пријавен и документиран, а кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Exit mobile version