Штетата од протестите во Франција се проценува на 650 милиони евра

 

Според првите проценки на Здружението на осигурителни компании во Франција, штетата од неодамнешните протести е проценета на 650 милиони евра, што е трипати повеќе од 2005 година.

Протестите започнаа на 27 јуни поради смртта на тинејџер кој беше убиен од полицаец, а во таа прилика тешко беа оштетени 3.900 имоти и приватни автомобили, пренесува Фигаро.

Претседателката на Здружението, Флоренс Лустман, рече дека Здружението примило 11.300 барања за обештетување, од кои 55 отсто се однесуваат на деловен имот, а 35 отсто за имот на локалната самоуправа.

На 1 јули, министерот за економија Бруно Ле Мер побара од осигурителните компании да го продолжат рокот за примање побарувања за компензација и брзо да ја платат компензацијата.

11.07.2023 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега