Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село мора веднаш да бидат приведени

    Штерјова: Насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село мора веднаш да бидат приведени

    06.08.2026 во 11:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат и да ги пронајдат сторителите кои, според партијата, физички нападнале млади луѓе во Ново Село.

    Од СДСМ наведуваат дека инцидентот се случил додека активистите носеле транспарент со порака поврзана со состојбата со водата во Гостивар.

    Представничката на партијата, Кети Штерјова, на прес-конференција изнесе директни обвинувања до претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    „Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село“, изјави Штерјова.

    Таа направи споредба со претходните постапки на правосудните органи и побара еднаков третман и за овој случај.

    „Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски. Денеска очекуваме со истата брзина. Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени. Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО – Наско Димитриев. Значи – лесно ќе ги пронајдат“, рече таа.

    Штерјова упати порака и до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    „Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи. Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа. Без селективност. Без заштита. Насилството по налог не смее да помине неказнето – Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски“, заклучи Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.