Шпански мотоциклист почина по несреќата на релито Дакар

45-годишниот шпански моторциклист Карлес Фалкон загина по несреќата на втората етапа на релот Дакар.

Несреќата се случи на 8 јануари, кога тој падна со својот моторцикл во финишот на етапата од Ал Хенакија до Ал Дувадими. Седум дена Фалкон се борел со тешката повреда на главата, но им подлегна на поредите.

По укажаната прва помош, Фалкон бил однесен во болница каде му бил констатиран церебрален едем, кој предизвикал кома, како и фрактура на ‘рбетот, пет ребра, клучната коска и левиот зглоб.

„Во понеделникот, на 15 јануари, Карлес не напушти. Лекарите потврдија дека невролошката штета предизвикана од срцевиот удар во моментот на несреќата е неповратна. Карлес беше насмеана личност, секогаш активна, која страсно уживаше во се што правеше. Не остави да направиме нешто што беше негов сон, да учествуваме на Дакар. Уживаше и беше среќен на својот мотор. Мора да го паметиме по неговата насмевка и среќата што им ја донесе на сите“, се вели во соопштението на тимот.

15.01.2024 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега