Шолц: Ќе вложам максимални напори за прифаќање на кандидатурите на Украина и Молдавија за членство во ЕУ

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе вложи максимални напори на Украина и на Молдавија да им даде кандидатски статус, дека ЕУ треба да биде отворена за други земји, но и да се залага за реформи во Унијата кога станува збор за правилата за гласање.

Шолц побарал ЕУ да се придвижи кон надворешнополитичките одлуки со квалификувано мнозинство (што значи укинување на правото на вето на одделни земји), но тешко дека ќе добие поддршка од Франција и некои други земји, пренесува порталот Политико.

Говорејќи пред пратениците во Бундестагот пред самитот на Европскиот совет закажан за денес и утре во Брисел, Шолц рече дека решително ќе се залага Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за членство во ЕУ и посочи дека таквата заложба носи одредени обврските.

„ Ќе вложам максимални напори во Европскиот совет целата ЕУ едногласно да ги прифати кандидатурите на Украина и Молдавија за членство“ најави германскиот канцелар и посочи дека „И ЕУ мора да биде способна да прифати нови членки“.

23.06.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега