По сериозната несреќа на автопатот А96 во Германија, во која загинаа две лица, вниманието на јавноста го привлече детаљ на задниот дел од уништеното возило. Автобусот превезувал околу 50 туристи од Филипините кои патувале од Милано до Минхен за да го посетат Октоберфест.

Несреќата се случила во шест часот утрово, кога возилото излегло од коловозот и се превртело во канал. Сцените од терен се драматични, а на местото се распоредени околу 250 полицајци и екипи за итни случаи.

На превртениот автобус останал видлив рекламниот слоган на превозникот:

„Доверете ни ја грижата за вашето патување“

Германските медиуми оценуваат дека оваа порака звучи особено цинично по трагедијата. Во несреќата има осум тешко повредени лица, а надлежните органи ангажирале експерт за реконструкција на настанот за да ги утврдат причините за излетувањето.

Exit mobile version