Студентите во Скопје наскоро нема да мора да чекаат пред шалтерите на ЈСП ниту да носат хартиени потврди за остварување на правото на бесплатен јавен превоз, најави претседателот на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Ристески.

Во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка, која се реализира во соработка со ЈСП, ФИНКИ, УКИМ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Статусот ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу институциите.

Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истите податоци од универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето, валидацијата во автобусите ќе се врши преку QR-код од мобилниот телефон.

Од УМС истакнуваат дека ова решение директно им ја олеснува административната обврска на младите на почетокот на академската година, овозможувајќи помалку време по шалтери и повеќе време за факултетските обврски.

Exit mobile version