Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шок во судницата во Куманово: Ги убивал жените па вршел полови дејства

    Шок во судницата во Куманово: Ги убивал жените па вршел полови дејства

    09.07.2026 во 13:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени. Рочиштето беше одложено откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното.

    Бојковски беше спроведен од Затвор Куманово. Во судницата присуствуваа членови на семејствата на оштетените, јавниот обвинител Љубомир Лапе и бранителот на обвинетиот.

    На почетокот на рочиштето, судијата Мирсад Суроји се обиде да ги утврди личните податоци на обвинетиот, но тоа не беше можно бидејќи Бојковски не комуницираше со судот. За време на обраќањата тој гледаше во плафонот и се смешкаше, без да одговара на поставените прашања, по што судот одреди кратка пауза.

    Во воведниот збор, обвинителството најави дека во текот на доказната постапка ќе докажува дека обвинетиот ги сторил делата што му се ставаат на товар, како и дека доминантен мотив за нивното извршување била некрофилијата.

    Јавниот обвинител посочи дека ќе бидат изведени докази со кои ќе се утврдуваат сите битни факти и елементи на кривичните дела. Според него, од записниците од ексхумациите, во корелација со обдукциските наоди, ќе се утврдува начинот на извршување на делата, додека од судско-психијатриското вештачење и останатите докази ќе се утврдуваат мотивите кои, според обвинителството, биле движечка сила обвинетиот да ги изврши делата.

    Обвинителството најави дека во текот на доказната постапка ќе бидат сослушани и преживеаните жртви од нападите.

    Според јавниот обвинител, доказната целина треба да покаже дека обвинетиот ги користел околностите што претходно му биле познати — дека жртвите биле сами, немоќни, стари и заспани — по што влегувал во нивните куќи, физички ги напаѓал, ги удирал и ги давел. Обвинителството тврди дека, откако ќе ги усмртел, обвинетиот вршел полова пенетрација врз телата на починатите жртви.

    Јавниот обвинител нагласи дека, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата.

    Во продолжение на рочиштето, бранителот на обвинетиот го откажа полномошното. Судот оцени дека на Бојковски треба да му биде назначен бранител по службена должност. Одбраната побара и сослушување на двајца сведоци, а поради новонастанатите околности главната расправа беше одложена.

    Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Бидејќи, според обвинението, со умисла лишил од живот повеќе лица, за овие дела е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

    Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година. Мета на нападите, според обвинението, биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

    Првото убиство, според обвинението, било извршено ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Второто се случило во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.

    Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.

    На товар на Бојковски му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

    Предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.