Шојгу: Западот ја користи Украина за да ја распарчи Русија
Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, денеска го обвини Западот дека се обидува да ја подели Русија со помош на Украина.
Шојгу изјави дека секој обид за распарчување на земјата ќе биде осуден на неуспех.
Коментарот тој го даде во честитката до руските вооружени сили, кои денеска го слават воениот празник на „Бранителите на татковината“.
-Колективниот Запад ја користи Украина за да се обиде да ја распарчи Русија, да ја лиши од нејзината независност. Овие обиди се осудени на неуспех, рече тој.
И претседателот Путин претходно денеска даде слични изјави, велејќи дека војната во Украина е всушност дел од поголема битка против Западот, пишува „Скај Њуз“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа