Шилегов за тунелите под Кале: Подобро да изгубите време во проектирање, отколку да ви се случи Кичево-Охрид
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители, бидејќи тоа ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.
-Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена, вели Шилегов.
Шилегов во гостувањето говореше дека Градот не се откажал од изградба на тунелите под Кале.
-Не се откажуваме. За тунелот под Кале, не сум човек што импровизира. Подобро да изгубите време во проектирање и планирање за да имате квалитетна изведба. А, не да ви се случи Кичево-Охрид. Новиот тендер ќе биде распишан. На крајот на другата година очекувам да имаме спремен проект за да може да се распише тендер, вели Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа