Шестмина заробени под урнатини – 26 пати се тресеше тлото во Грција

Шест луѓе биле заробени во урнати куќи во селото Месохори, јавуваат грчките медиуми. Сите шестмина се спасени.

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на околу 30 километри од градот Лариса на длабочина од 2 километри. По овој следеле и неколку послаби афтершокови.

Според ЕМСЦ, во изминатите 11 часа областа ја погодиле 26 земјотреси.

Ова доаѓа откако изутрината областа беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени.

Жртви нема, но предизвикана е материјална штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега