Шестмина повредени во тешка сообраќајка кај Тетово - малолетник заврши со тешки повреди
Шест луѓе се повредени од кои двајца потешко во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат Тетово - Гостивар, кај селото Калник.
-Вчера околу 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Гостивар, во с.Калник, Тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистaрски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Ново Село, Тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(62) од с.Пршовце, Тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „сеат“, М.И.(46) и малолетник, додека со телесни повреди се здобиле возачите А.И. и Ј.А. и сопатниците во возилото „сеат“ Д.С.(23) и Е.Г.(26), констатирани во Клиничка болница Тетово, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа