Општина Илинден и оваа година традиционално го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Во водите на езерото кај хотелот „Белви“, меѓу 70 пријавени учесници, најбрз до светиот крст беше Марио Димитријевски.

За Димитријевски ова е шести пат како успева прв да стигне до чесниот крст, што е вистински рекорд за оваа манифестација. Чинот на осветување на водите го водеше епископот Дељадровско-илинденски, г. Јоаким, во присуство на голем број верници.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, му упати честитки на Марио, доделувајќи му пригоден подарок во име на локалната самоуправа. Поддршката со подароци беше дополнета и од јавните претпријатија, како и од бројни општествено-одговорни компании.

Exit mobile version