Шест брачни пара на иста советничка листа на Левица во Охрид

Левица ја објави кандидатската листа за членови на Совет во Општина Охрид на која се најадоа имињата на 23 кандидати. 

Дојчиноски – Дојчиноска, Илијоски – Илијоска, Наумоски – Наумоска, Јованчев – Јованчева се само дел од презимињата кои се повторуваат, а Виолета Аврамоска, која е носител на советничката листа за „Фокус” потврдува дека се работи за брачни парови.

-Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест – вели Аврамоска.

На прашањето, доколку сопружници успеат да влезат во Советот, дали на тоа се гледа како на чекор кој би донел продуктивност за граѓаните, или пак би можело да има несакани ефекти во носењето на одлуки, таа е категорична и тврди дека сите активисти си работат посебно, без разлика дали се сопружници или не.

-Сите тие активисти си работат посебно, секој со своите способности. Секој од нив придонесе да се изгради огранокот во Охрид. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти – тврди Аврамоска.

18.09.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа