Шер и Александар првпат заедно во јавност на ревијата на „Версаче“

Поп-дивата Шер и нејзиното момче Александар Едвардс го почнаа својот викенд рано позирајќи на црвениот тепих на модната ревија на „Версаче“, есен-зима 2023, каде што го направија своето официјално деби на црвениот тепих како пар.

Некогашната божица на попот (76) и музичкиот продуцент (37) се насмеани додека позираат пред да се приближат еден кон друг и да се бакнат на настанот, што се одржа во „Пацифик дизајн“ во Западен Холивуд во четвртокот.

Нивното појавување на свечен настан синоќа дојде неколку часа откако медиумите објавија дека тие неодамна имале средба со своите деца со цел да се запознаат сите меѓу себе.

Поп-дивата и продуцентот се најдоа на насловните страници на таблоидите кога првпат беа забележани како се држат за рака на почетокот на ноември пред да ја потврдат својата врска набргу потоа.

10.03.2023 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега