Шекеринска од Битола: Судиите и обвинителите кои застаруваа случаи ќе бидат разрешени и казнети
Носителката на листа во изборната единица пет, Радмила Шекеринска, денес во Битола остварува повеќе теренски активности. Меѓудругото таа рече дека владата која ја предводи СДСМ наследи корумпиран и уништен правосуден систем.
Владата работеше на темелни промени а во вториот мандат ќе се погрижиме 100% законот да е еднаков за сите. Тоа го можеме само со стабилно мнозинство и период во кој следува прочистување во правосудството.
Законот е еднаков за сите. Не се мешаме во судството но инсистираме на правда.
28.06.2020 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа