ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДС за 7 години не им успеа, ВМРО-ДПМНЕ го средува за 6 месеци

 

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин – Паланка.

Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до меидумите.

Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов.

Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.

Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево – Охрид се работи во полна пареа.

Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ.

Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина, велат од владејачката партија.

04.01.2025 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега