Шекеринска: Граѓаните, а не партиите одлучуваат кој ќе биде премиер
Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде идниот премиер. Вака од СДСМ возвратија на идејата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој смета дека идниот премиер треба да биде Албанец.
„Кога ќе влеземе во болниците или кај лекарите, прашуваме кој е добриот лекар, а не дали е Македонец или Албанец. Кога влегуваме во хелкикоптерите на нашата армија, прашуваме кој е пилотот и дали е добар, а не дали е Македонец, Албанец или Турчин или Србин. Така постапуваат граѓаните и по суштинското прашање, кој како ќе ги решава проблемите и како ќе ја води оваа држава. И затоа, прашањето на иден премиер е прашање кое се одлучува на избори од страна на граѓаните, а не на прес – конференции и не од страна на политички партии“, рече Радмила Шекеринска, СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа