Шеикот со порака на Твитер му се закани на тренерот на ПСЖ после случката со Меси

Калид бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани, братот на катарскиот емират Тамим бин Хамад Ал Тани кој е сопственик на ПСЖ испрати порака на Твитер која може да се сфати како предупредување до тренерот на клубот, Маурицио Почетино.

Лионел Меси бил огорчен поради тоа што бил заменет на натпреварот во кој ПСЖ го победи Лион со резултат 2:1 па одбил да се ракува со тренерот Почетино, а тој детаљ не му се допаднал ниту на богатиот шеик кој во последно време привлекува внимание со контроверзните објави на Твитер.

 

После случајот со Меси, шеикот не помисли два пати пред да испрати порака на социјалните мрежи.

"Лондон е прекрасен град, тоа го знаете", напишал Ал Тани, чија порака јасно може да се сфати како предупредување за тоа што може да се случи доколку се повтори непријатната ситуација со Меси.

ПСЖ веќе во среда ќе гостува во Метц, а Почетино ќе одржи пресконференција еден ден претходно на која главна тема сигурно ќе биде Меси и неговата измена.Ал Тани првично покрена лавина реакции кога објави фотографија од Роналдо и Меси во дресови на ПСЖ, а потоа го исмеа Реал Мадрид и Флорентино Перез после пропаднатиот трансфер на Мбапе во Кралскиот клуб.

20.09.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа