Шефот на ОН „сериозно вознемирен“ од израелското бомбардирање на јужен Либан

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја изрази својата загриженост поради ескалацијата на насилството на Блискиот Исток и стотиците луѓе во Либан кои беа убиени и ранети во денешните израелски напади.

-Генералниот секретар е сериозно вознемирен од ескалацијата на ситуацијата долж Сината линија и големиот број цивилни жртви, вклучително и деца и жени, кои ги пријавија либанските власти, како и илјадници раселени лица, среде најинтензивната израелска бомбардирање од октомври минатата година, рече портпаролот на ОН.

„Генералниот секретар е, исто така, сериозно вознемирен од континуираните напади на Хезболах врз Израел. Тој изразува сериозна загриженост за безбедноста на цивилите од двете страни на Сината линија, вклучително и персоналот на ОН, и силно ја осудува загубата на животи“.

Сината линија е демаркационата линија меѓу Израел и Либан поставена од ОН.

Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, речиси секојдневно има прекугранични напади меѓу либанската шиитска милиција Хезболах и израелската војска.

Израел значително ја засили својата акција против проиранската милиција почнувајќи од минатата недела.

Насилството на Блискиот Исток се заканува да го засени најголемиот дипломатски состанок во светот – неделата на високо ниво на Генералното собрание на ОН во Њујорк кое започнува утре и на кое ќе има говори на околу 120 светски лидери

23.09.2024 - 22:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега