Close Menu
Press24
    Најново

    Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври

    27.10.2026 во 23:45

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    27.10.2026 во 23:35

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар

    27.10.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
    • Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
    • Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар
    • Автомоибил удрил во жена, починала на скопските клиники
    • Значењето може да ве изненади: Седум најчести соништа
    • Холандија нема да учествува на Евровизија и во 2027 година
    • Прво интервју по изборниот пораз: Вучиќ ја нарече актуелната состојба „ноќна мора“, но верува дека Србија ќе се разбуди
    • Моџтаба Хамние: Иран и натаму управува со Ормуската теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари: Холандија е силен партнер во градењето ефикасен и независен правосуден систем

    Шасивари: Холандија е силен партнер во градењето ефикасен и независен правосуден систем

    22.07.2026 во 19:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. Узлем Џанел, на која беше потврдена заедничката определба за интензивирање на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зацврстувањето на владеењето на правото.

    „Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Затоа реформите во правосудството не се само европска обврска, туку наша одговорност кон граѓаните. Поддршката од Кралството Холандија е значаен поттик во овој процес,“ порача министерот Шасивари.

    Нејзината поддршка преку бројни проекти придонесува за јакнење на владеењето на правото, поголема отчетност и транспарентност на правосудните институции, поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и за реформите во пенитенцијарниот и пробацискиот систем.

    Соработката меѓу двете држави во областа на меѓународната правна помош се одвива на високо професионално ниво.

    Министерството за правда останува цврсто определено за спроведување на суштински реформи, јакнење на независноста и интегритетот на правосудниот систем и продлабочување на партнерството со државите кои активно го поддржуваат европскиот реформски процес на земјата.

    Прочитај повеќе

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    27.10.2026 во 23:35

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар

    27.10.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.