Шарл Мишел по средбата со премиерот Заев не сакаше да одреди датум за отворање на преговорите меѓу земјава и ЕУ
Претседателот на Европскиот Совет, по средбата со премиерот Заев, не сакаше да одреди датум за отворање на преговорите меѓу земјава и ЕУ. Тој беше воздржан дури и за решавање на билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и избегна да употребува оптимистичка реторика за брз почеток на преговорите за членство на земјава во ЕУ, објавува Алсат М од свои извори.
„Го пречекав Зоран Заев и го информирав дека ЕУ стои цврсто зад Северна Македонија во борбата против Ковид 19. Остануваме подеднакво посветени на европската перспектива на Северна Македонија и се согласивме за важноста на инвестициите финансирани од ЕУ за да се започне со опоравување“, изјави тој.
Од своја страна премиерот Заев изрази уверување дека првиот човек на советот Мишел има разбирање и волја за некакво поместување во однос на Македонија на претстојниот јунски совет на ЕУ за кога изрази надеж дека очекува да биде свикана првата меѓувладина конференција, доколку се надмине блокадата од официјална Софија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа