Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Пред нејзини очи сестра и излетала низ стаклото“ – Потресни детали за несреќата во која загина Јована на враќање од Острог

    „Пред нејзини очи сестра и излетала низ стаклото“ – Потресни детали за несреќата во која загина Јована на враќање од Острог

    15.07.2026 во 10:46Updated:15.07.2026 во 11:012 Mins Read
    VATROGASNA JEDINICA KOTOR
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денешниот ден, 15 јули, е прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора.

    Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело денеска треба да биде донесено во Ниш, а ќе биде погребана утре.

    Тетката на Александар, кој пет години бил во врска со Јована, за српските медиуми вели дека кога тој дознал што се случило, заминал со мајката на Јована во Црна Гора.

    -– Отишле во нашата амбасада за да видат што е потребно за нејзиното тело да биде пренесено во Ниш. Мојот внук и Јована планираа наскоро да почнат да живеат заедно, да изнајмат стан. Неодамна се вработи, беше толку среќна. Секогаш беше весела, мила, драга. Немам зборови со кои можам да ја опишам мојата тага. Јана е во болница, не е во животна опасност, но само таа знае колку ѝ е тешко што гледала како ѝ настрадува сестрата. Пред нејзини очи излетала низ стаклото, рекла жената за српските медиуми.

    Приватна Архива, Јована Станковиќ

    Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност изгубил контрола над возилото.

    Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишен маж од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело.

    Меѓу повредените има и шест деца. Едно од нив поради сериозноста на повредите било итно транспортирано во Клиничкиот центар во Подгорица, додека останатите се под медицински надзор.

    Несреќата се случила околу 13:10 часот, додека групата српски државјани се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог.

    На местото на несреќата бил извршен увид под раководство на обвинител од Основното државно обвинителство во Котор. Истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности што довеле до трагедијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени

    25.08.2026 во 21:02

    Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина

    25.08.2026 во 20:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.