Серија напади врз Русија: Гранатирани села, беспилотни летала погодија складиште за гориво

Украинските сили гранатираа две села на западот на Русија, во областа Брјанск, а во нападот нема повредени, изјави денеска регионалниот гувернер Александар Богомаз.

Богомаз на Телеграм напиша дека украинските сили ја нападнале областа околу селата Ломаковка и Новаја Погошч.

Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков денеска изјави дека украинските сили во текот на ноќта го гранатирале квартот Шебекински, а повеќе од 2.500 луѓе од околината биле евакуирани.

Украина негира дека нејзината армија била вмешана во нападите.

Две беспилотни летала со долг дострел рано изутринава нападнаа објекти на комплекс за складирање гориво во две села во областа Смоленск во Русија, а нема жртви или штети, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот Василиј Анохин.

Тој на Телеграм напиша дека оперативните служби работат на лице место за отстранување на последиците.

Оддалеченоста на селото од руско-украинската граница е повеќе од 300 километри.

Украинските власти денеска ја укинаа тревогата за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, а властите во главниот град Киев соопштија дека одбранбените сили собориле повеќе од 30 руски ракети и беспилотни летала.

Од почетокот на мај Москва извршила околу 20 напади со ракети и беспилотни летала врз украинските градови.

02.06.2023 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега