Семејствата на израелските заложници го одбележуваат празникот Пасха со нов повик за враќање на нивните најблиски

Роднините на израелските заложници држени во Газа ќе го одбележат почетокот на Пасха, еднонеделниот празник на слободата, со нов повик до владата да постигне договор за враќање на нивните најблиски.

Пасхата, која започнува вечерва, традиционално се одбележува со Седер, празнична трпеза на која се собираат семејствата и ја слават библиската приказна за ослободувањето на Израелците од египетското ропство.

Оваа година се очекува многу семејства во Израел симболично да остават празни места на масата за убиените и киднапираните во нападите на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според израелските власти, борците на Хамас на 7 октомври убиле околу 1.200 луѓе и киднапирале 253 предизвикувајќи ја војната во Газа во која досега загинале повеќе од 34.000 Палестинци

22.04.2024 - 22:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега