Министерството за социјална политика соопшти дека сите штитеници од двата приватни старски домови во Скопје, кои беа затворени по истрагата за злоупотреби и насилство, се згрижени: дел се вратени во своите семејства, а дел се пренасочени во државни установи за стари лица. За корисниците на кои им е потребна здравствена грижа е обезбедено лекување на клиниките во Скопје, информираат од Министерството.

МВР, пак, поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, осомничени за нечовечко и понижувачко постапување кон штитениците во приватните домови, по што институциите презедоа мерки за итно згрижување и заштита на засегнатите.

Министерството додава дека остануваат во контакт со семејствата и старателите, со цел секој корисник да добие соодветно сместување и нега, а при утврдена потреба – и болничко лекување.

Exit mobile version