Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група .

,, Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со  кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните  пратеници по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик”,потенцира министерот Филков.

Изборниот законик, нагласи Филков е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.

За негово носење потребен е политички консензус од сите партии.

Exit mobile version