Close Menu
Press24
    Најново

    Семејното насилство руши рекорди: Пријавени 14 случаи за само 24 часа

    06.04.2026 во 15:42

    Драма во Тетово: Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите

    06.04.2026 во 15:30

    СДСМ: Дизелот поскапе за 38 отсто, граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на Владата

    06.04.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Семејното насилство руши рекорди: Пријавени 14 случаи за само 24 часа
    • Драма во Тетово: Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите
    • СДСМ: Дизелот поскапе за 38 отсто, граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на Владата
    • Гаши за електронскиот попис: Најважно е процесот да биде кредибилен и без политика
    • МВР со полни раце работа: Приведени 12 возачи, седум од нив немале возачка
    • Екс градоначалникот на Кичево заработи кривична – осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер за осветлување
    • Македонија и САД го зајакнуваат партнерството: Муцунски утре на Стратешки дијалог во Вашингтон
    • Трагедија кај Гевгелија: Мигрант паднал под воз при обид да се качи во движење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Семејното насилство руши рекорди: Пријавени 14 случаи за само 24 часа

    Семејното насилство руши рекорди: Пријавени 14 случаи за само 24 часа

    06.04.2026 во 15:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Македонија регистрирани се вкупно 14 случаи на семејно насилство, при што осум лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Во Тетово, полицијата го приведе 47-годишниот О.С., откако неговиот 76-годишен татко пријавил долгогодишно семејно насилство. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол (2,14 промили), секојдневно упатувал закани и кршел предмети во домот.

    Во друг случај во тетовско, 27-годишен маж бил приведен откако ѝ се заканувал на својата поранешна партнерка пред домот на нејзините родители.

    Случаи на насилство се пријавени и меѓу членови на семејства, вклучително и физички напад меѓу браќа, како и напад врз сопруга од страна на сопруг во Прилеп.

    Во Кавадарци е приведен 36-годишен маж поради физички напад и закани кон поранешната сопруга, додека во Велес 65-годишник бил приведен поради агресивно однесување и оштетување предмети кон неговата сопруга.

    Полицијата интервенирала и во Радовиш, Виница и Скопје, каде се пријавени повеќе случаи на физички напади и закани меѓу членови на семејството, вклучително и случаи на насилство врз партнерки.

    Дополнително, на автопатот Градско–Велес, приведен е 48-годишен маж од Скопје, кој во своето возило физички ја нападнал својата партнерка.

    Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични или прекршочни пријави.

    Надлежните апелираат до граѓаните да пријавуваат семејно насилство, потенцирајќи дека навремената реакција е клучна за заштита на жртвите. 

    Популарно

    Семејното насилство руши рекорди: Пријавени 14 случаи за само 24 часа

    06.04.2026 во 15:42

    Драма во Тетово: Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите

    06.04.2026 во 15:30

    СДСМ: Дизелот поскапе за 38 отсто, граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на Владата

    06.04.2026 во 15:27

    Гаши за електронскиот попис: Најважно е процесот да биде кредибилен и без политика

    06.04.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.