Во Полициската станица Гостивар е пријавен случај на семејно насилство, во кој 45-годишниот Н.С. физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга.

Според пријавата, на 14 јули 2026 година околу 05:40 часот, во близина на угостителски објект во Гостивар, при нападот Н.С. употребил остар предмет.

По преземените мерки, судија на претходна постапка му определил мерка притвор, по што лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

Exit mobile version