Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој се наоѓал во притвор во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар.
Според првичните информации објавени од албанските медиуми, тој имал здравствени проблеми по што бил пренесен во Регионалната болница во Валона, каде лекарите не успеале да го спасат.
Надлежните органи во Албанија преземаат дејствија за утврдување на сите околности околу случајот.
Б.Л. беше уапсен на 25 април во Валона, каде според албанската полиција, имал изнајмено стан кој го користел за чување и подготовка на наркотични средства.
При претресот на станот биле пронајдени кокаин, марихуана, електронска вага и мобилни телефони. Во акцијата беа уапсени и двајца албански државјани, кои исто така се товарат за производство и продажба на наркотични дроги.


