Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне меѓу 31 и 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Денеска максимални 37 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најтопло ќе биде до недела, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Според прогнозата на Accuweather.com, викендот ќе биде пеколно, а во сабота живата на термометарот ќе се искачи до 40 степени. Во недела до 39 степени.

Exit mobile version