Празничната еуфорија во неколку домови во Полошкиот регион се претворила во кошмар поради семејно насилство.

Во тетовско село, 45-годишна жена во 18:20 часот на 31 декември пријавила ужасен напад. Нејзиниот сопруг Б.П. физички ја нападнал во семејниот дом, а притоа ѝ се заканувал и со остар предмет. Полицијата презема мерки против насилникот.

Истиот ден во Гостивар, околу 13:00 часот, уапсен е 61-годишниот Р.М. Тој е лишен од слобода откако физички го нападнал својот 64-годишен брат.

Полицијата регистрираше и други физички пресметки – 25-годишник бил нападнат во село Раковец, а 34-годишник од Слатино пријавил дека бил претепан од група луѓе во паркот кај „Борис Кидрич“ во Тетово.

Exit mobile version