Села: Патот Тетово - Јажинце и жичарницата во Попова Шапка ќе станаат реалност со нашата програма

Носителот на списокот на кандидати за пратеници на коалицијата АА - ААА во шестата изборна единица, Зиадин Села, заедно со другите кандидати од оваа област, оствари средба со жители на Дреновец во Тетово. Пред овие жители, Села објасни како програмата „Држава за сите“ ќе успее да донесе 500 милиони евра инвестиции за ревитализација на албанските населби.

Според него, победничката коалиција „Сега е време“ ќе знае да ги заштити даноците што ги плаќаат албанските граѓани и ќе ги претвори во инвестиции.

„Патот Тетово - Јажинце е пат на кој секојдневно кружат над 9 илјади возила. Додека инвестициите одат на експресни патишта и автопати во Источна Македонија, каде просечниот сообраќај е само 3 илјади автомобили на ден. Со 9 илјади автомобили дневно што кружат и даноците и акцизите што ги плаќаат за горивото што го трошат овој пат може да се направи. Некој ги краде нашите пари. Имавме претставници кои не го штитеа албанскиот данок “, рече Села.

Зиадин Села зборуваше и за Попова Шапка и за нејзината деградација од страна на сегашната влада. Овој туристички центар со програмата „Држава за сите“, ќе биде ревитализиран и ќе биде голема помош за планините и општо за тетовци, бидејќи ќе ја одржи економијата жива во овој регион.

„Ќе гарантираме дека туристичкиот центар Попова Шапка ќе биде ревитализиран многу бргу. Жичарницата

ќе биде реалност многу скоро, за Тетово и за сите Албанци затоа што таа област дефинитивно ќе мора да оживее, за да се одржат работните места, но и Тетово со економски развој“, истакна меѓу другото Зиадин Села пред жителите на Дреновец во Тетово.

На 15 јули со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче, граѓаните ќе гласаат за промена, за еднаква држава за сите, за економски развој и за правда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа