Села: Честитки до Албанија - денеска е голем ден
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на својот Фејсбук профил објави честитка до Албанија за отворањето на преговорите во Европската Унија.
„Денеска е голем ден за Албанија, граѓаните на Албанија и сите Албанци насекаде се среќни. Срдечни честитки до граѓаните, политичката елита, премиерот Еди Рама и сите кои придонесоа да се дојде до овој ден, отворање на преговорите со Европската Унија.Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на својот Фејсбук профил објави честитка до Албанија за отворањето на преговорите во Европската Унија.
Овој ден е важен за иднината на регионот и на Балканот воопшто. Европската перспектива е единствениот пат од кој не се осмелуваме да се движиме и покрај авантурите на некои политичари и национализми кои продолжуваат да ги држат во заложништво соништата на граѓаните за европска иднина.
Бескрајно благодарни за солидарноста на Албанија со Северна Македонија, која со години остана со нас, жртвувајќи и губејќи години чекајќи да го направиме ова патување заедно. Благодарност до премиерот Еди Рама кој и денеска ја потврди оваа солидарност со тоа што нивната прослава ја претвори во кампања за сензибилизација на Северна Македонија.
Неговата визија треба да послужи како пример што треба да го следат и политичарите во нашата земја, кои за жал се чини дека останаа заложници на минатото и конфликтите со соседите“, пишува Села.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа