Вистинска драма се одвивала утринава пред Клиничката болница во Штип, кога свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид врз паркирани возила. Меѓу оштетените е и автомобилот на Ката Крстевска од Велес, која за влакно избегнала повреда.

„Само што го паркиравме возилото и тргнавме нагоре кон болницата, слушнавме силна врева. Кога се свртевме – страшно! Среќа е само што сме живи и здрави, лимот ќе се поправи“, вели низ солзи Крстевска, која во Штип дошла на медицински преглед. Под урнатините завршија две возила, едно со велешки и едно со скопски регистерски таблички.

Exit mobile version